Site announcements

(Сè уште нема теми на дискусија во овој форум)

Достапни курсеви

•Усвоени знаења во статистичкото заклучување 
•Примена на методите за обработка на податоците
•Усвоени знаења за тестирање на хипотези
•Усвоени знаења за изведување на заклучоци за популација врз основа на податоци
•Примена на заклучоците и резултатите

Цели на предметната програма:

Стекнување на знаења за основните поими, концепти и методи во истражувањето; разбирање разбирање на основните принципи и методи на операционалните истражувања во доменот на смејството и планирање на смејството, репродуктивното здравје. самостојно дизајнирање на проект, негово следење и оценување.

Содржина на предметната програма:

Вовед во истражувања. Откривање, дефинирање и оправдување на истражувачкиот проблем. Истражувачки стратегии за решавање на проблемот.Задачи и хипотези. Операционално дефинирање: варијабли, индикатори. Дизајнирање на примерок. Прибирање на податоци и проверка на квалитетот на податоците. Табелирање и анализа на податоците. Дисиминација на истражувачките резултати.

Литература:

1. Bertrand, J. Magnani J.R. Rutenberg. N., Handbook of indicators for family planning program evaluation, USAID 2012

2. Дан, В., Анализа на јавните политики, Академски печат, 2009, 341-377; 421-442

3. Menon, S. Karl, J. Wignaraja, K., Handbook on planning, monitoring and evaluating for development results, United Nations Development Programme, 2009

4. Анабел, Е., Брајан, Р., Методи на психолошко истражување, Европа, Кочани, 2008, стр. 1-27, 76-133


Запознавање со оновните на демографската и социодемографската анализа на населението. Стекнато знаења за основните демографски стурктури и феномени. Анализа на населението, неговата структура и процеси во контекст на општеството.

Содржина на предметната програма:

Вовед во демографијата (предмет на демографија, аналитички системи на социјалната демографија, население и неговото значење); Извори на податоци. Теории за населението. Структура на населението. Демографски феномени – фертилитет, морталитет и миграции. Брак, домаќинство и семејство. Репродуктивното здравје. Политики за населението. Демографското движење и природниот прираст на населението. Дистрибуцијата на населението (просторната демографија) во Европа и светот.

Литература:

1. Јовановиќ, А., Социјална демографија – прирачник, Филозофски факултет, 2005

2. Wertheimer- Baletić, A., Stanovništvo i razvoj, Mate, Zagreb, 1999

3. Haupt, A., Kane, T. T., Population Handbook, 4th ed., 2012

4. Hollingsworth T. H., Historical demography, Cambridge University Press

5. Интерна скрипта и презентации од предавања

6. Weeks R. J., Population. An Introduction to Concepts and Issues, Belmont: Thomson Wadsworth, 2008


Курс за постидпломски по АСН

Курсот/ предметот нуди сознанија за: концептуалните и теоретските основи на социјалната држава; пристапите и придонесот на различните општествени науки кон развивање на истражувањата за социјалната држава; методолошки пристапи во истражувањата и анализите на социјалната држава; парадигми на социјалната држава: експанзија, намалување (retrenchment), социјално инвестирање, кризи и шокови (и фискална консолидација); емпириски сознанија за историските и поновите трендови и предизвици во различните модели на социјална држава (нордиски, либерален, континентално-европски, јужно-европски и централно-источно европски модел); социјални издатоци, финансирање на социјалната држава и макро-економски исходи од социјалната држава; одржливост и иднина на социјалните држави. 

MKD

Цели на предметната програма:

Разбирање на статистички поими, статистичките методи и процедури кои се користат во статистичката наука и нивна примена во општествените истражувања; способност за критичен однос кон квантитативните податоци претставени во други истражувачки извештаи; оспособеност за пресметуваер и интерпретирање на сновните дескриптивни статистици; оспособени да одредат кога, зошто и како се користат различни статистички тестови; да се оспособат да анализраат податоци со помош на статистички софтвери.

Содржина на предметната програма:

Вовед во предметот. Статистичко истражување и прикажување на резултатите (прибирање, средување, групирање и прикажување на резултатите). Дистирбуција на фрекфенции. Мерки на централна тенденција. Мерки на дисперзија. Релативни броеви и индекси. Примерок, распоред на примерок. Централната гранична теорема. Концептот на тестирање на хипотезите. Основни категории, теории, методи и распореди на веројатноста. Табела на контингенција. Хи-квадрат тест. Корелациона анализа


ENG

Course Objective: 

Understanding of statistical terms, statistical methods and procedures used in statistical science and their application in social research; 

Enhance ability to critically relate to quantitative data presented in other research reports; 

Enhance skills to calculate and interpret basic descriptive statistics; 

Identification when, why and how to use different statistical tests;

To analyze data using statistical software.


Предметот „Средновековна и ренесансна филозофија“ се фокусира на презентирање и анализирање на главните филозофски идеи и проблеми во историјата на западноевропската средновековна и ренесансна филозофија, почнувајќи од гностицизмот, христијанските апологети, патристиката, схоластиката и ренесансната филозофија. Преку историско-филозофската ретроспектива на мисловната атмосфера од II до XVI век, фокусот ќе биде ставен на проблемите кои ги интересираат средновековните и ренесансните мислители, имено релацијата помеѓу верата и разумот, прашањето за Бог, доказите за постоењето на Бог, проблемот на универзалиите, проблемот на слободната волја и злото, човечката среќа и доблеста, науката и уметноста, итн.


Овој предмет ги запознава студентите со историјата на античката претсократовска филозофија, почнувајќи од милетската школа, Хераклит, елејската школа, питагорејците, Демокрит, Емпедокле, Анаксагора, софистите, Сократ и сократовите школи. Во предметната програма е вклучен и краток вовед за предфилозофска мисла во антиката, имено делата на Хомер и Хесиод, грчката митологија и античките мистерии (елевсинските, орфичките и дионизиските мистерии). Преку историската ретроспектива на овие филозофи, студентите ќе се запознаат со најзначајните филозофски проблеми во Антиката, имено учењето за првите причини, проблемот на едното и мноштвото, проблемот на битие-небитие, дискусија за термините cosmos, physis, nomos, logos, проблемот на движењето, проблемот на познанието итн.


Цели на предметната програма (компетенции):

Студентите да се запознаат со основните клинички параметри на оние болести и состојби кои доведуваат до интелектуална и телесна попреченост; Студентите да се запознаат со основните клинички параметри на оние болести и состојби кои доведуваат до глувост и слепило; да се прикажат тераписко-рехабилитационите можности и да се поврзат теоретските постапки со специфичните психо-сомато-невро и едукативните пристапи кои се карактеристични за дефектологијата.

Содржина на предметната програма:

Етиологија, епидимиологија, дијагностика, диференцијална дијагноза, третман и превенција на МР; Шизофренија; Мултипна склероза; Мијастенија гравис; Церебрална парализа;  Аутизам, Ретов синдром; АДХД. Аудиологија и аудиометрија; Акутни и хронични воспаленија на надворешно, средно и внатрешно уво; Мениерова болест; Отосклеорза; Основи на фонијатрија; Офталмолошки тестови; Рефракциски аномалии и проблеми на акомодација на окото; Растројства на моториката на очниот апарат; Катаракта; Глауком; Амблиопија.

Задолжителна литература

Р. бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Трајковски В.

Медицински основи на инвалидноста

 

Филозофски факултет, Институт за дефектологија

2008

2.

Ерик Р. Кендел ЕР, Шварц ЏХ,
Џесел ТМ

Принципи на неврологијата

Арс Ламина

2014

3.

Бредфорд СА.

Основи на офталмологијата

Табернакул

2010

Дополнителна литература

Р. бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Alex Moroz А,  Flanagan S, Zaretsky H

 

Medical Aspects of Disability for the Rehabilitation Professional

Springer Publishing Company

2017

2.

Radulović R, Stanković P.

Otorinolaringologija sa maksilofacijalnom hirurgijom

Medicinski fakultet Beograd

2004

3.

Хок М, Бингам Б,  Штамбергер Х, Бенџамин Б

Дијагностички прирачник за оториноларингологија

Табернакул

2010


Предметот се фокусира на теми кои даваат продлабочен увид во формите на социјална политика кои се креираат на глобално ниво, низ теоретската парадигма на Диконовите “три Р“: редистрибуција, регулација, права/rights (Deacon, 2007). Овие форми на глобална социјална политика се анализираат низ призмата на нивната примена од страна на меѓународните владини организации, како: Светска Банка, Меѓународен Монетарен Фонд, Совет на Европа, Организација за економска соработка и развој, и Меѓународната организација на трудот. Домените низ кои се анализираат овие глобални форми и актери во социјалната политика вклучуваат: пазар на труд, социјално осигурување, социјална заштита, образование и здравство.

Цели на предметната програма: Да се добијат продлабочени сознанија за методите и пристапите во споредбеното проучување на социјалната политика, како и стекнување знаења и вештини за анализа на спецификите на социјалните држави во Европа. Да се стекнат вештини за поимање и анализа на споредбените специфики на политиките за социјална помош, семејни политики, стамбени политики, здравствени политики.

Содржина на предметната програма: Теории и методи во компаративната социјална политика; Бизмаркови социјални држави; Либерални социјални држави; Нордиски социјални држави; Јужно-европски социјални држави; Социјални држави во Централна и Источна Европа; Политики за социјална помош; Семејни политики; Стамбени политики; Здравствени политики.


Цели на предметната програма:

Стекнување на знаења за основните методи на читање и пишување. Стекнување на знаења за идентификација на дислексијата, дисграфијата, дискалкулијата и диспраксијата. Стекнување на знаења за рана интервенција на ученици со тешкотии во учењето. Стекнување на знаења за рехабилитациони методи, техники за работа и развој на инклузивен курикулум за ученици со дислексија, дисграфија, дискалкулија и диспраксија.

Содржина на предметната програма:

Читање. Фази во усвојување на читањето. Видови читање. Модели на читање. Фонолошка свесност. Норми за читање. Дислексија. Невролошки аспекти и теории за настанувањето на дислексијата. Митови за дислексија. Дефинирање на дислексијата. Причини за појава на дислексија. Знаци и симптоми на дислексија. Карактеристики на читањето со дислексија. Проблеми во учењето кои може да влијаат врз читањето. Видови дислексија. Стратегии за работа со ученици со дислексија. Пишување. Видови пишување. Вештини потребни за да се совлада пишувањето. Зошто учениците избегнуваат пишување. Дисграфија. Невролошка основа на дисграфија. Причини за појава на дисграфија. Клиничка слика на дисграфија. Видови дисграфии. Грешки во пишуваните текстови кај дисграфичните ученици. Стратегии за работа со деца со дисграфија. Дискалкулија. Симптоми на дискалкулија. Причини за појава на дискалкулија. Видови на дискалкулија. Стратегии за работа со деца со дискалкулија. Диспраксија. Симптоми на диспраксија. Стратегии за работа со деца со диспраксија. Алтернативни интервенции

Литература:

1. Каровска Ристовска А., Кардалеска Љ., Ајдински Г., Специфични тешкотии во учењето (дислексија, дисграфија, дискалкулија и диспраксија), Филозофски факултет, 2016

2. Davis, R. D., Braun, E. M., The gift of dyslexia. The Berkley Publishing group, 1994

3. Reid, G., Dyslexia, Continuum, 2011

4. Vladisavljević, S., Disleksija i disgrafija. Zavod za udžbenike i nastavna sredstva, 1991

5. Бракус, Р., Развојне дислексије и дисграфије. Београд: Задужбина Андрејевић, 2003

6. Henderson, A., Dyslexia, Dyscalculia and Mathematics: A practical guide, Routledge 2012

7. Portwood, M. N., Developmental dyspraxia identification and intervention: A manual for parents and professionals, David Fulton Publishing, 1999


Содржина на предметната програма:

Основни сознанија за анатомскофизиолошките структури кои ги чинат структурите и функциите на ЦНС, како централен апарат и структурите и функциите на нервно-мускулниот состав како извршен дел. Да се стекнат знаења за изградбата и диференцирањето на доминантноста на хемисферите, латерализацијата, димензиите време и простор, чија дисфункционалност дава реперкусии врз практогностичките способности, когницијата, говорот, вниманието, перцепциите, емоциите, социјалниот живот на личноста од развојниот период во нејзиното егзистенцијално поле. Збогатување со општи и специфични психомоторно-рехабилитациони постапки.


Цели на предметната програма:

Студентите да стекнат знаења од невропсихологијата со реедукација на психомоторика како научна дисциплина која наоѓа примена во дефектологијата во објаснувањето и донесувањето заклучоци за низа состојби и растројства кои ја чинат личноста во развојниот период дисфункционална на психомоторен, когнитивен, емоционален и социјален план. Проучување на клиничките слики во развојниот период кои се јавуваат како резултат на невоедначениот тек на развојот на личноста на полето на психомоторниот спрег, когнитивната организација, развојот на говорот и слично. Запознавање со психомоторно реедукативните постапки од превентивен или тераписки аспект во спроведување на појавите или надминување на проблемите што овие развојни и специфични клинички слики можат да го загрозат општото функционирање на личноста во социјалното поле.

Запознавање со концептот социјална нееднаквост и терминолошко разграничување со срoдните концепти: сиромаштија, социјална исклученост, материјална депривација. Запознавање со начините на мерење и анализа на социјалните нееднаквости, нивно согледување низ призма на: пазарот на труд, социјалната заштита, образованието, здравството, како и мапирање на нееднаквостите во овие домени по основ на род, етницитет, попреченост и сл. 

Цели на предметната програма:

Да ги запознае студентите со позначајните филозофски ставови и теории на филозофијата на умот.

Содржина на предметната програма:

Филозофскиот и научниот пристап за постоење надушата. Тело, душа, дух и ум. Античката филозофија за постоење на душата (Платон, Аристотел, Плотин). Средновековните мислители за односот душа-тело (Тома Аквински и Свети Августин). Cogito ergo sum – филозофски мит или стварност. Дали се умот и телото различни ентитети? Теоријата на Франц Брентано (интенционалност). Логичкиот бихејвиоризам на Гилберт Рајл. Теоријата за идентитет (Хилари Патнам и Џери Фодор). Функционализам (Давид М. Армстронг). Современата наука и интеракцијата дух (ум)-тело. Умот и свесното искуство. Денетовата (Даниел Денет) теорија за свеста. Во потрага по корелатите на свеста (Дејвид Чалмерс). Филозофијата и вештачката интелигенција.


Цели на предметната програма (компетенции): Во рамките на овој предмет,
студентите треба да стекнат знаења за основите научно-истражувачката
методологија, постапките и техниките кои се користат во родовите истражувања.
Содржина: Феминистичка анализа. Универзалноста и модерното време. Научни, епистемолошки и политички прашања. Истражувачки методи на родовите релации. Квантитативни методи: обрасци и експерименти; изработка на прашалник и експериментална процедура. Квалитативни методи: стратегии на истражувањето; прибирање на податоци, запишување на податоците; анализа и интерпретација на податоците, основни елементи на статистичката обработка на податоците. Постапки за спроведување на истражувањето. Како сепишува научно-истражувачки извештај.




Цели на предметната програма (компетенции): Студентите треба да стекнат
основни познавања заклучните елементи на мажественоста, начините на кои женственоста и мажественоста, се конструирани сообразно со моделите на моќта и структурата на верувањата. Посебен акцент е ставен на механизмите на општествената конструкција на мажественоста, и нејзиниот однос врз современиот феминистички дискурс.


Цели на предметната програма (компетенции): Да се стекнат научни и
продлабочени сознанија за начинот на живот и за статусот на родовите улоги на мажот и жената во средниот век. Студентите треба да стекнат сознанија за значењето на историскиот момент во кој прашањето за родовата рамноправност не било ниту промислувано, а жената била разбрана единствено како сенка на мажот или декор на царскиот двор.


Цели на предметната програма: Да се добијат продлабочени сознанија за наднационалната социјална политика која ја практикува Европската Унија (ЕУ) и да се стекнат вештини за анализирање на специфичните социјални програми на ЕУ во национален контекст.

Содржина на предметната програма: Прв дел: Историски, легислативни и институционални обележја на социјалната политика на ЕУ. Втор дел: Подрачја на делување на социјалната политика на ЕУ - Политика на вработување; Социјална заштита, Координација на системите за социјална сигурност; Политика на трудот, Социјален дијалог, Родова еднаквост. Трет дел: Европската Унија и социјалната политика во земјите членки и кандидати.

Цели на предметната програма: Стекнување продлабочени сознанија за спецификите на системите на социјална сигурност, нивната институционална поставеност, како и влијанието на видот на финансирање врз принципите и опфатот на социјалната сигурност. Фокусот на предметот е врз концептите за социјалната сигурност, наспроти фактите кои се постојано променливи. Во таа насока, предметот стреми да им понуди на студентите низа на концептуални пристапи и алатки преку кои може да ги дефинираат и анализираат системите на социјална сигурност. 

Содржина на предметната програма: Поим и значење на социјалната сигурност, Концептуални разлики меѓу социјалната сигурност и социјалната заштита; Приниципи и цели на социјалната сигурност; Финансирање на социјалната сигурност; Индикатори за мерење на ефективноста на системите на социјална сигурност; Системи на социјално осигурување во одделни земји; Концептуална поставеност на пензиското и инвалидското осигурување; Концептуална поставеност на здравственото осигурување; Концептуална поставеност на осигурувањето во случај на невработеност; Концептуална поставеност на осигурувањето за долгорочна нега; Одржливост на системите на социјалната сигурност

Цели на предметната програма (компетенции):

Да се добијат научни и продлабочени сознанија за научните достигања за  основните принципи и механизми  на функционирање на одделните органски системи, запознавање на студентите со механизмите  на регулација  на физичките и хемиските процеси во човечкиот организам. Студентите да ги научат основните генетски принципи што имаат влијание во психолошката практика (да ги знаат, разберат и применуваат основните принципи на генетиката на однесувањето, како и интеракцијата на гените и околината). Ваквите сознанија се предуслов за разбирање на стручните предмети од студиската програма на психологија.

Содржина на предметната програма:

Поим и дефиниција на хумана генетика и физиологија. Биолошка регулација на хомеостазата.; Физиологијата на клетката; Менделова генетика; Цитогенетика; Молекуларни основи на наследувањето; Видови наследувања; Промени во наследните чинители (аберации и мутации); Физиологијата на нервниот систем. Комуникација во невронот -синапса; Централен нервен систем; Периферен нервен систем; Голем мозок; 'Рбетен мозок; Продолжен мозок; Среден мозок; Мал мозок; Меѓумозок; Вегетативен нервен систем; Сензомоторен систем; Условни рефлекси; Систем на сетила; Ендокрин систем; Физиологија на будност и спиење; Физиолошки основи на емоционалното однесување; Физиолошки основи на учење, паметење и мислење. Студии во бихејвиоралната генетика; Генетски основи на психијатриските нарушувања: шизофренија, афективни нарушувања, деменции; Генетски основи на аутизам, невротски, стресни и соматоформни нарушувања; Генетски основи на нарушувања на однесувањето заради употреба на психоактивни супстанции.

Задолжителна литература

Автор

Наслов

Издавач

Година

 

Трајковски В.

Хумана генетика и физиологија

 

Филозофски факултет, Институт за психологија

2018

 

Трајковски В.

Физиологија со функционална анатомија на човекот.

 

Филозофски факултет, Институт за дефектологија

2009

 

Трајковски В.

Хумана генетика

 Филозофски факултет, Институт за дефектологија

Дополнителна литература

Автор

Наслов

Издавач

Година

 

Marieb EN.

Essentials of Human Anatomy & Physiology

Pearson Benjamin Cummings

2010

 

Lewis R.

Human Genetics-Concepts and Applications

McGraw Hill

2007

 

Shier D, Butler J, Lewis R.

Hole’s Essentials of Human Anatomy and Physiology

McGraw Hill

2009

 


Цели на предметната програма (компетенции):

Да се добијат научни и продлабочени сознанија за научните достигања во хуманата генетика, која ги изучува патолошките состојби во чија основа е генетското нарушување. Студентите да ги научат основните генетски принципи што имаат влијание во дефектолошката практика (да ги знаат, разберат и применуваат основните принципи на генетиката во препознавањето, дијагнозата и пристапот кон вродените и наследните болести, да ги знаат интеракцијата на гените и околината).

Содржина на предметната програма:

Вовед во генетика; Класична генетика; Структурна организација на клетката; Цитогенетика; Молекуларни основи на наследувањето; Наследување и видови наследувања; Промени во наследните чинители (аберации и мутации); Вовед во клиничка генетика-пренатално дијагностички методи; Конгенитални малформации; Хромозомски болести; Метаболички генопатии; Генетски аспекти на ментална ретардација; Генетски аспекти на глувост; Генетски аспекти на слепило; Генетски аспекти на телесен инвалидитет; Генетски аспекти на аутизмот, Генетско советување.

Задолжителна литература

Автор

Наслов

Издавач

Година

Трајковски В.

Хумана генетика

 

Филозофски факултет, Институт за дефектологија

2005

Трајковски В.

Практикум по хумана генетика

Филозофски факултет, Институт за дефектологија

2003


Дополнителна литература

Р. бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Михајловиќ Љ, Михајловиќ Н.

Хумана генетика.

Висока медицинска школа струкових студија, Ќуприја,

2009

2.

Lewis R.

Human Genetics-Concepts and Applications

McGraw Hill

2007

3.

Ninković D.

Medicinska genetika.

FASPER, Beograd

2007


Цели на предметната програма (компетенции):
Различни академски дисциплини се користат со различни стилови на
документирање во академските текстови. Целта на овој предмет е да го запознае студентот со стиловите наведување и цитирање, кои се употребуваат во академската заедница, да ги разбере и научи стиловите на документирање што се користи во еден академски текст и доследно да ги применува.


Цели на предметната програма (компетенции):

Да се добијат научни и продлабочени сознанија за научните достигања за  основните принципи и механизми  на функционирање на одделните органски системи, запознавање на студентите со механизмите  на регулација  на физичките и хемиските процеси во човечкиот организам. Ваквите сознанија се предуслов за разбирање на сручните предмети од студиската програма на специјална едукација и рехабилитација.

Содржина на предметната програма:

Функционална организација и општ план на телото. Регулирачките системи за одржувањето на внатрешната хомеостаза; Физиологијата на клетката; Телесни течности и електролити; Физиологија на крвта; Мускулен систем; Физиологијата на нервниот систем; Интелектуални функции на мозокот: учење и памтење; Систем на сетила; Ендокрин систем; Физиологија на говорот.

Задолжителна литература

Р. бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Трајковски В.

Физиологија со функционална анатомија на човекот.

 

Филозофски факултет, Институт за дефектологија

2009

2.

Трајковски В., Рашиќ О.

Практикум по физиологија со функционална анатомија

Филозофски факултет, Институт за дефектологија

2009

3.

 

 

 

 


Дополнителна литература

Автор

Наслов

Издавач

Година

Гајтон, Хол

Медицинска физиологија

Академски печат

2012

Констанцо ЛС.

Физиологија  

Арс Ламина

2011

Shier D, Butler J, Lewis R.

Hole’s Essentials of Human Anatomy and Physiology

McGraw Hill

2009


Цели на предметната програма:

Да се стекнат знаења за децата со оштетен слух, процесите на слушање и губитокот на слухот, нивната едукација во предучилишниот период, рехабилитацијата и третманот. Новини во раната детекција, раната интервенција и инклузивните процеси на децата со оштетен слух на предучилишна возраст.

Содржина на предметната програма:

Аудио-вестибуларен систем; Невролошка основа на слушањето; Слушање и губиток на слухот кај новороденчиња и деца; Дефинирање на глувоста и наглувоста, Раната интервенција на децата со оштетен слух; Дијагностицирање на оштетувањето на слухот; Кохлеарна имлантација; Историјат на образованието на лицата со оштетен слух; Планирање на предучилишната воспитно- образовна работа на децата со оштетен слух; Методи и форми на предучилишната воспитно- образовна работа на децата со оштетен слух; Сурдодидактика; Сурдодидактички принципи, методи и форми на работа; Сурдодидактички средства и помагала; Инклузивното образование на слушно оштетените деца.

Литература:

1. Cole, E., Flexer, C., Children with Hearing Loss-Developing Listening and Talking: Birth to six, Plural Publishing Inc., 2016

2. Јачова, З., Каровска, А., Дете со кохлеарен имплант во рамките на инклузивната училница, Круг, Скопје, 2009

3. Савић, Љ., Ивановић, П., Сурдопедагодија, Дефектолошки факултет, Београд, 1994

4. Meadow-Orlans, K., Mertens, D., Lehrer, M., Parents and their deaf children – The early years. Gallaudet University Press, 2003

5. Rhoades, E., Duncan, J., Auditory-verbal practice: Family centered early intervention, Charles Thomas, 2017


Предметот Социјална политика нуди продлабочени сознанија за теоретската и идеолошката основа на социјалната политика, нејзиниот историски развој, различните модели на социјална држава, примената на социјална политика од страна на различни актери, како и анализа на специфичните политики и мерки во домените: вработување, плати, социјално осигурување, социјална заштита, образование, здравство и сл.

Содржината на предметот е поделена во два дела. Првиот дел на теми имаат за цел да ја претстават социјалната политика како научна дисциплина, но и апликативна дејност. Во таа насока, студентите ќе може да се запознаат со домените кои ја сочинуваат социјалната политика, да ја анализираат нејзината применливост во различни општествени контексти, да ги осознаат методите на прочување кои ги користи социјалната политика, како и целите и начелата кон кои таа стреми. Предметот нуди и историски осврт на развојот на социјалната политика, почнувајќи од раните организираните форми на солидарност и помош на тлото на Европа во доцниот среден век,  проучување на значењето на социјалните консеквенци од индустријализацијата и урбанизацијата во 18 век, првите социјални законодавства креирани под влијание на Ото фон Бизмарк кон крајот на 19 век и конечно влијанието на Бевериџовиот план во 1948 година за формирањето на современите форми на социјалната политика. Низ призма на историскиот развој ќе бидат разгледани случувањата во социјалната политика во 21 век, во економски развиените и економски - помалку развиените држави. Во рамки на предметот се дава клучен осврт на теоретските и идеолошките основи на социјалната политика, меѓу кои: либералната и нео-либералната концепција, конзервативистичката концепција и социјал-демократската концепција. Концептот на социјална држава е дел од темите кои се анализира, преку доминатните типологии на Р. Титмус и Г.Е. Андерсен. Конечно, првиот дел на теми дава приказ и на различните инструменти и различните актери преку кои социјалната политика го реализира своето влијание. 

Вториот дел на теми се фокусира исклучиво на апликативниот карактер на социјалната политика. Притоа фокус на анализа се политиките и мерките во домените: вработување, животен стандард/политика на плати, социјална заштита, социјално осигурување, како и други вкрстени теми, како: здравство, образование, домување и сл. 


 



Целта на овој предмет е студентите подетално да се запознаат со историјата на стара Грција и Рим, како и со основните особености на т.н. грчко-римска или класична цивилизација, чии вредности се вградени во темелите на современиот западен свет. Преку согледување на основните законитости и процеси кои за прв пат се јавиле во античко време, студентите подобро ќе ги разберат процесите кои траат и денес, а понекогаш се нивно продолжение; освен тоа, тие ќе добијат увид во светогледот и во културните достигања на античкиот свет, чии определници се темел на денешното граѓанско образование.

Предметот го опфаќа периодот од протоисторијата и првата индоевропска миграција на јужниот Балкан, до убиството на Гај Јулиј Кајсар. По обработувањето на проблематиката на Критско-микенската цивилизација, се минува на обработување на историјата на Хелените, главно во копнена Хелада и во Егејскиот басен, а само по потреба и пошироко во Средоземјето. Хеленската историја се следи сѐ до потпаѓањето на копнена Хелада под македонска власт, со што завршува самостојната политичка историја на хеленските полиси.

Вториот дел од предметот е посветен на историјата на Италија, особено на Римската република. Откако ќе се разгледа протоисторијата на апенинскиот полуостров и цивилизацијата на Етрурците, се минува на историјата на римската држава, чиј развоен пат се следи од времето кога претставува мало кралство во Латиј, преку Латинските, Самнитските и Пунските војни, излегувањето на Рим на политичката сцена на Средоземјето, ширењето кон исток и кон запад и неговиот развој до најголема воено-политичка сила во античко време. Предметот завршува со убиството на Гај Јулиј Кајсар; понатамошните настани се обработуваат во изборниот предмет Историја на Римската империја.